Владимир Милчин во „Стадион“: Расчекорот меѓу ветеното и оствареното не може да се камуфлира со менување имиња на улици
Расчекорот меѓу ветеното и оствареното е толку драматичен што сум изгубил секаква надеж дека тоа може да се поправи, рече во денешниот „Стадион“ на „Канал 77“ Владимир Милчин, кој го кажа својот став и за менувањето имиња на улици во Скопје.
„За мене е потполно бесмислено сега, со ваков обид да се замачка фактот дека ветувањата не се исполнети. Наеднаш, со менување имиња на улици тоа не може да се поправи, да се камуфлира дека останаа незавршени објекти, оти има замрачени места и во ценатрот на градот на кои му е страв на човек да помине ноќе. Овие промени на имиња се само мачкање очи. Сам си пука во нога тој што го прави тоа“, истакна Милчин.