Во овие избори нема Џејмс Бонд сценарија – Горан Милевски, министер за локална самуправа и лидер на ЛДП

-Ако бидам кандидат ќе бидам кандидат на ЛДП и ДОМ. Членството и граѓаните бараат, но јас сеуште немам расчистено. Имам многу обврски во министерството за локална самоуправа, но не сакам да се чусвтвуваат предадено моите членови и граѓаните. Меѓу овие две работи ми натежнува мојата одлука и за брзо време ќе ја донесам, рече Горан Милевски, министер за локална самоуправа , кој беше гостин во емисијата „Стадион“ на Канал77.

Тој во едночасовното интервју одговараше на повеќе прашања, како тоа дека владее мит во државата дека албанските општини имаат помал процент собирање на даноци, а добиваат повеќе пари, за ралика од македонските, дека општините не треба да се делат на македонски и албански, туку на добар и лош градоначалник а тој најави и дека со новите правила Владата нема да може да дава пари така, како што до сега давала, на општини кои незаслужуваат.

Милевски прозборе и за отворените листи, една изборна единица, но и за големиот број независни кандидатури, за разлика од другите локални избори.

-Сега се крена еуфорија, но независни листи прават поранешни членови на партии, а сега се декларираат независни или кандидати се луѓе кои до вчера биле во партија, а преку ноќ станале независни. Или луѓе што биле ленинисти или марксисти, а сега преку ноќ станаа екологисти. „Тоа што правев до вчера не важи, гледајте сега што правам“, така изгледа. Не се сите искрени иако има и навистина независни.  Јас им посакувам среќа и што повеќе навистина независни. Смешно е што некои еден два мандати биле во советот, а сега се независни и да ги прашате што направиле во изминативе 12 години нема да ви кажат ниту еден проект. Само си земале паушал или биле дел од коалиција. Им било убаво 16 години да си седат во совет, па сакаат уште четири како независни бидејки партијата им рекла -аман човек  се уморивме од тебе, не можеш повеќе да бидеш на листа. И сега тој е лут и независен, рече Милевски.
На прашањето, односно шпекулациите дека СДСМ и ВМРО ДПМНЕ си ги поделиле општините, Милевски рече:

-Ќе бидам неискрен ако кажам дека прв пат слушам. Да, и јас сум слушнал дека веќе си ги поделиле општините. Но, по кандидатите, бидејки дел од кандидатите во СДСМ ми се пријатели, оние општини каде влеат дека ќе ги земе ВМРО, кандидатите од СДСМ и тоа како имаат искрена верба дека ќе победат. Не верувам во овие шпекулации, како некој би можел да се договори и да се изигра вољата на граѓаните. Сепак, граѓаните кажуваат кој ќе победи. Како може да победи некој кој граѓаните не го сакаат.  Мислам дека се шпекулации. Ние имаме желба да си живееме во теории на заговор и кога ќе немате работа само мислите дека се нешто задкулисно се работи. Затоа сметам дека немало такви разговори, ниту може такво нешто да се договори и мислам дека сите ќе бидат рамноправни во овие избори. Можеби во некоја општина ќе се охрабрат и ќе ги трнат и двете големи партии, па макар и тие биле договорени. Граѓаните сепак, го имаат последиот збор. Очекувам да бидат фер и мирни избори, се плашам само со пандемијата, но се надевам дека ќе се смири. Сега е со фингер прин, со отисок на прст и невозможно е полнење кутии, бугарскиот воз или фамилијарното гласење. Сега ако правиме некое  Џејмс Бонд сценарио можеби е можно но, нема теоретска можност да гласате за друг, нема можност за манипулација , рече меѓу другото Милевски.

Целото интервју погледнете го во видеото од „Стадион“:


Во етер
Наслов
Изведувач

Background