Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на каталонскиот стратег е ѕвездата на Реал Мадрид, Иско кој игра фантастично оваа сезона.
Иско е моменално еден од клучните фудбалери во тимот на Зидан и затоа не е чудно што „кралевите“ во новиот договор вметнаа клаузула од 700 милиони евра.
Медиуите тврдат дека Гвардиола ги убедил богатите сопственици дека Иско е фудбалер кој може да направи разлика и во Лигата на шампиони и дека одлично ќе се вклопи во неговиот тим.
Шеикот Мансур одобрил додатни финансии за да се исполни желбата на Гвардиола и нема да жали пари за да го донесе Иско на „Етихад“.
Манчестер Сити нема проблеми со Финансискиот фер-плеј, па можно е следното лето готово целиот буџет да го потроши на доведување на само еден фудбалер.
Дали тоа ќе биде Иско? Останува да видиме…
Преземено од: Спортски