Денес за ручек ви препорачуваме – Македонски полнети домати

Потребни состојки:
10 црни маслинки
3 китки магдонос
2 китки млад кромид
4 листови босилек
50 гр кашкавал
100 гр шунка
100 гр урда
100 гр сирење
2 јајца
4 големи домати

Начин на подготовка:

Ги миеме доматите и им ги сечеме врвовите како капаче. Ја вадиме внатрешноста со лажица. Ги вртиме доматите за да се исцедат од сокот околу 15 минути. Ја приготвуваме смесата за полнеж: кон биените јајца ги додаваме сирењето, урдата, исецканата шунка, младиот кромид, магдоносот и босилекот. Ги додаваме и маслинките исецкани на кругчиња без коски.

Ги ставаме доматите во тава и ги полниме со смесата. Од горе ги поросуваме со рендан кашкавал. Во тавата додаваме околу 100 мл вода и печеме во претходно загреана рерна на 200 степени. Ги сервираме топли поросени со свеж магдонос.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background