Дескоска: Има аргументи за одбрана на државата во Стразбур (ВИДЕО)
Екс министерката Дескоска смета дека имало аргументи за одбрана во Стразбур на позицијата на државата.
„Во секоја судска постапка аргументи имаат и едната и другата страна, а судот на крајот одлучува и пресудува. На случајот и досега имаат работено наши експерти. Верувам дека колегите од Бирото за застапување на нашата држава пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе ги користат и тие аргументи“, рече Дескоска.
Сакавме да дадеме аргументирано барање за екстрадицијата на Груевски, тимот во кој учествуваше и колегата Калајџиев извадија аргументи со која ги побиваат помилувањата исто така бидејќи Груевски имаше решенија од Комисијата за антидискриминација се побиваа и решенијата од комисијата за дискриминација,изјави екс министерката за правда Рената Дескоска во „Стадион“ на Канал 77.
„Во делот на помилувањето експертскиот тим извади аргументи од повеќе аспекти. Еден од нив е дека не постои членот 11 од Законот за помилување, а тоа е основата врз која практично Иванов ги засновал помилувањата, со што таквото однесување е незаконско. Друг аспект се однесува на бројот на помилувањата, кои добија изглед на амнестија с етолку голем број помилувања во еден момент, и дека помилувањето е правно не основано и тој излегол надвор од своите овластувања“, рече Дескоска.