Дејан Трајковски:Бројките ќе растат до ноември, во зима нема да има вакви драми
Во моментов имаме режим на стабилен раст на бројот на новозаболени, но тој стабилен раст е со 450 дијагностицирани на дневна основа.Регистрирани е минимален пад, а деновиве тој пад е под минимална единца. Тоа е последните 14 дена – без зголемување и намалуваме на бројката и тоа е речиси одвај мерливо поместување. Ова е почетната математичка анализа на Дејан Трајковски во емисијата Стадион на Канал 77, кој прави прилично прецизни проекции на текот на пандемијата, преку математички пресметки.
-Вака е моментално, но со заладувањето ќе се зголеми преносливоста и епидемијата ќе забрзува. Но, тоа нема да биде во сите региони подеднакво.Во Западна и Северозападна Македонија не очекувам поголемо избувнување, таму поради свадбите пикот беше среде лето. Доживееја преносливост како кај сипаниците, кажа Трајковски.
Меѓутоа, тоа што во Тетово поминало, не значи дека поминало во целата држава.
-Деновиве преносливоста расте во Битола, во Штип има рамен тренд, во Источна Македонија ни оддалеку бранот не е завршен, во Скопје и Куманово само што не почнал трендот на пораст. Поради големата преносливост на Делта сојот, овие трендови брзо ќе растат и ќе се намалуваат. Очекувам до номеври бројките да растат, но во текот на зимата нема да има вакви драми. Како ќе се намалува отпорноста на вакицните, ќе има и промени. Новите сојеви ќе имаат поголема заразеност. До крај на ноемеври очекувам 85% вакцинирани и имунизирани, со што ќе запре растот. Дури и да се појави нов сој, ќе има мало зголемување, мали бранови. Најверојатно ќе се живее со вирусот, но не би требало да има масовни смртни случаи како до сега, рече Трајковски.