Домашен шампон против опаѓање на косата
Ова е рецепт за шампон кој спречува опаѓање на коса, поттикнува брз раст, го враќа сјајот на косата, волуменот и еластичноста. Проверен рецепт кој делува 100%
Косата е симбол на женственост и убавина, но за жал, поради често третирање на косата со хемиски средства (боење, ондулација), топлина (сушење, фенирање, израмнување), врзување и неадекватна нега, косата се крши, станува сува, ретка или оштетена.
Сите наведени фактори, со секојдневен стрес и промени во организмот предизвикуваат забрзано опаѓање на косата.
За да се ублажи губитокот на коса и да се придонесе за нејзина убавина, се препорачува овој шампон, кој се приготвува едноставно.
После неколку перења на косата ќе забележите дека помалку ќе опаѓа, ќе биде посилна и посјајна а само после еден-два месеци редовна употреба ќе забележите нови влакна и поголем волумен.
Потребни состојки:
-Шампон од коприва (обичен, литарски)
-Пантенол 100 мл (воден раствор)
-Капки од коприва 30 мл (едно шишенце)
-АД капки, 30 мл воден раствор (едно шишенце)
-Рицинус масло 50 мл
-2 ампули витамин Б
*сите состојки се купуваат во аптека.
Постапка:
Во 750 мл шампон од коприва измешајте цело шишенце пантенол 100 мл, цело шишенце капки од коприва 30 мл, цело шишенце АД капки и рицинусово масло.
Промешајте.
Извор: www.nmd.mk