Актерката Елизабета Клинчаревска- Младеновска се вработи во националниот театар во Гостивар

Актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска по девет години конечно се вработи во Гостиварскиот театар. Таа за ова време, како дипломиран актер без работа, не седеше со скрстени раце, паралелно се занимаваше и со музичката и со актерската кариера, но како што вели таа, конечно доби решение за работа во национална установа.

„Иако од почетокот на студиите по актерска игра и девет години по дипломирањето сум активна на независната театарска сцена, дури сега добив решение во национална установа. Се вработив во НУ Гостиварски Театар-Гостивар. Се разбира, среќна сум, имам матичен театар. Спремна сум за многу улоги и предизвици кои ме чекаат, а исто така сум отворена за соработка со сите национални театри. Премногу си ја сакам професијата и затоа во континуитет играв и ќе играм во театарот „Арт вени види“. Никогаш не се откажувам. Ќе играм на сцена додека дишам.“ – вели актерката за Канал 77.

Во музичкиот свет Елизабета е позната како Ели Раста Грл, била водителка на многу телевизиски проекти, но кога станува збор за актерството во нејзината биографија се запишани многу претстави, кратки и долгометражни филмови.

Уште додека студирала на НБУ (Нов бугарски универзитет), таа играла во претставата „Јонадаб“ во режија на Дејан Пројковски. Од филмските остварувања ги има „План Б“, „Како во лош сон“, „Генерал Шемански“, „Трезни зад воланот“, „Ова не е американски филм“, Здивот на ангелот“, како и филмот „Сопругата која го мразеше својот сопруг“, кој сѐ уште се снима.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background