Емотивна исповед на Дани во „Четири ѕида“
Дани Димитровска со глас и лик се потпиша на новото видео со наслов „4 ѕида“. Донесе многу убави бои и исто такви емоции и топли вибрации во последното парче душа за кое соработуваше со нејзините незаменливи Весна Малинова Бабамов и Кирил Бабамов.
„Четири ѕида е емотивен расказ во мелодија, споделено искуство, исповед. Преживеани изџвакани комуникации барем еднаш во животот помеѓу партнери, родител и дете, брат и сестра, кој како ќе се пронајде. Секогаш се пронаоѓаме кога зборуваме Вистина. Љубов е суштината. Секогаш. Во секоја песна. Па и во оваа.“ – вели Дани за Радио Мрежа Канал 77.
Како изгледа целиот пакет можете да погледнете во видеото во прилог.