Златко Ориѓански: Од државата за „Пред дождот“ не добивме ниту смоки
-Децава од „Медена земја“ за се што направија за нашата земја,сепак, ќе добијат 50-60 илјади евра од Владата и град Скопје. Ова е чудо над чудата и треба да се поздрави. За ,,Пред дождот“ ние не добивме ниту кесичка со смоки. Ова на свејот Фејсбук профил го објави Златко Оригански, член на групата „Анастасија“, која ја работеше музиката за филмот „Пред дождот“. По 25 години од номинирањето на филмот за Оскар, Оригански се присети на моментите и еуфоријата од 1994 година кога целата држава беше во исчекување.
Дел од екипата на „Пред дождот“ пред 25 години
-Не, не бевме цела екипа на доделувањето на Оскарите. Само двајца или тројца и не се ни сеќавам кои беа, можеби ни толку. Немаше кој да ни плати пат. Оскарите не се парична награда. Патот и престојот таму треба да си го платиш сам. Не знам дали се знае воопшто, но цедето од со музиката од филмот никогаш не излезе официјално во Македонија а цела планета го објави. Македонија знаеше за таа музика само од пиратски изданија. Никој не доби ниту еден денар, ниту актерите, нит Милчо. Никој. Актерите играа за некакви смешни хонорари. Ние како „Анастасиа“ имавме малку повеке среќа. Нам ни плати Република Франција и денес таа музика е сопственост на нас тројца од групата и на Франција. Македонија нема никакви права ниту сопственост над таа музика, вели Ориѓански.
Тој вели дека е добро што сега државата ја наградува екипата на „Медена земја“ и дека за вакви проекти државата треба да има повеке слух.
Актерот Раде Шербеџија, музичарот Златко Оригански и режисерт Милчо Манчевски по 25 години од снимањето на филмот
-Филмот „Пред дождот“ чинеше некаде околу четири милиона марки. Македонија тогаш вложи само 200 илјади долари и тоа по интервенција на тогашниот претседател, Киро Глигоров. Ама кога го постигна успехот после сите фалеа дека е македонски филм. Така сега и со децава од „Медена земја“. Којзнае колку малку пари добиле за да го направат филмчето. Сигурно е некоја смешна сума, додава тој.
Групата „Анастасија“, која ја направи музиката за филмот „Пред дождот“