Знаеш дека си Македонец кога …

Што е тоа што не идентификува како Македонци и не прави апсолутно различни од сите останати луѓе на планетава?

Зошто сме горди поради тоа што сме Македонци?

Твојот дедо секогаш пие чашка ракија за добро утро.
Иако си женско, твоите ти се обраќаат со „Сине“.
Чичко ти прави негово вино што е појако од ракија.
Мајка ти упорно тврди дека ќе те фати промаја.
Користиш ракија за да лечиш болест, прославиш веселба или како „лосион за после бричење“.
Славиш Божиќ, Велигден и Нова Година 2 недели после сите останати.
Баба ти не го прифаќа фактот дека не си гладен.
Одиш кај баба ти дома и ти нуди супа, колбаси, сарма и полнети пиперки и ти се лути ако не изедеш се.
Имаш 4 пара папучи во шифоњерот.
Цел свет застанува кога ќе ја слушнеш Бисер Балкански.
Мајка ти ти се обраќа со стока.
Мешаш кисела вода со смедеревка.
Имаш уште толку храна останата кога ќе заврши оброкот.
Жената треба секој ден да спрема ручек инаку не е домаќинка.
Твоите родители покануваат 500 луѓе дома затоа што ви е слава.
Во твојот фрижидер секогаш имаш повеќе алкохол од храна.
Твоите другари те викаат пеер.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background