Коевски во Стадион: Идните генерации не сакаат да ризикуваат на берзата

Со постоењето на Македонската берза од 1995 година, нивото на знаење за акционерството е зголемено, вели универзитетскиот професор Горан Коевски.

„Имаме добра легислатива во областа на заштита на малите акционери, но примената е проблематична, од аспект на познавањето на сите чинители во оваа сфера. Има измени во постојаните закони каде што се даваат права особено на малцинските акционери, меѓутоа имплементацијата  како на самите друштва така и на судовите мислам дека заостануваме во тој капацитет за соодветна заштита за правата на малцинските акционерите“, изјави Коевски во емсијата „Стадион“ на Канал 77.

Професорот Горан Коевски од УКИМ, вели дека за жал и неговите студенти не сакаат да ризикуваат на берзата. Иднината е во финансирањето на бизнисите преку берзата, купување акции наместо штедење и негативни каматни стапки.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background