Кои витамини имаат заштитен ефект при загадување?
Витамините од групата Б може да заштитат од последиците од загадувањето на воздухот.
Американски научници открија во истражување со луѓе, дека високи дози од овие суплементи може „целосно да ги коригираат“ повредите предизвикани од многу фини честички.
Научниците изјавија дека ефектот е реален, но го истакнаа малиот обем на истражувањето и некои негови ограничувања. Тие инсистираат тоа да биде проширено во силно контаминирани градови како Пекинг или Мексико.
Влијанието на загадениот воздух врз здравјето засега голем број на луѓе од целиот свет. Вистинскиот механизам на тоа како нечистиот воздух ги разболува луѓето сé уште не е познат.
Според Светската здравствена организација над 90 проценти од населението на земјата живее во области со загадување на воздухот над најбезбедните граници.
Еден од најопасните загадувачи се многу фини честички, означени со PM2.5, кои се со дијаметар под 2,5 микрометри. Тие се формираат од дизелот, печки на дрва и хемиски реакции меѓу загадувачки гасови. Опасни се, бидејќи можат да навлезат длабоко во белите дробови и да предизвикаат здравствени проблеми на млади и стари.
Научниците одамна укажуваат дека многу суптилни честички предизвикуваат епигенетични промени во клетките, односно промени во тоа како се користат ДНК инструкциите. Резултатите од истражувањето потврдија дека загадувањето на воздухот ги менува гените во имунолошкиот систем на епигенетично ниво.
Тестовите дали овие промени може да бидат ублажени со исхраната се состојат од 2,5 мг фолна киселина, 50 мг Вит. Б6 и 1 мг Вит. Б12, која дала охрабруваат резултати.
По четири недели витамините имаат ограничен ефект на многу фини честички со од 28 до 76 проценти во 10 генски локации.
Извор: Стандард