Колку вода треба да пиете додека вежбате?!

Во текот на вежбањето се губи течност низ процесот на потење, затоа е важно тоа да се надополни со пиење на вода. Искусните фитнес тренери велат дека не мора да се испие цело шише ако се вежба помалку од 60 минути.

Според нив, за тренинг од околу еден час, доволно е да се внесе половина литар вода, а помеѓу 200 и 250 мл за получасовен тренинг. Оние кои вежбаат подолго од еден час би требало на секој 10 до 20 минути да пијат околу 200 мл вода, за во текот на тренингот да бидат хидрирани.

Тренерите додаваат дека ако испиете, пак, премногу вода, нема да можете да ја исфрлите преку пот или преку мокрење. Ова може да предизвика главоболки и повраќање. Затоа би било најдобро да се држите до препорачаните дози.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background