Македонските телевизии ги губат гледачите
Програмите на нашите телевизии изобилуваат со турски серии и емисии во кои се бираат таленти од пензинери па до млади вели Бранко Огњановски или Миле Паника за 47 ото издание на Ноќен експрес, емисија која се емитуваше на 15.11 со почеток во 21 часот на програмата на Радио Мрежа Канал77.
Принуден сум често каналите да ги вртам на странските сателитски телевизии и ако се спореди какви телевизии има мислам дека нашиве се повеќе ќе губат гледачи, вели Огњановски.
Сме заборавиле што значи добра телевизија и гледачите немаат со што да споредат.
Доволно е да ги погледнете српските телевизии или било која регионална телевизија ќе ви стане јасно колку сме заостанале на тој план .Едноставно тоа ќе им се враќа на телевизиите како бумеранг и затоа секојдневно се помалку гледачи имаат, посочува Бранко Огњановски за Ноќен Експрес.