Марија Ичкова бара „Шанса за спас“ со свинг-поп комбинација

Ако претходно лесно и убаво во уши ни влезе нејзината нежна природа, со новата „Шанса за спас“, посебно моќниот вокал на Марија Ичкова, доаѓа во нешто по дива варијанта, водена од нескротлива енергија.

Продолжува нејзината соработка со Бојан Трајковски (Ај Кју) кој е целосен автор и продуцент на оваа песна и неговата продукција Music House, од каде безрезервно ја добива целокупната поддршка за развојот на нејзината кариера.

„Возбудена  сум за промоцијата на новата песна! Ова е за мене нешто ново и необично… правец во музиката во кој најмногу се пронаоѓам. Од моментот кога ги слушнав џез елементите, гитарата на почетокот, солото, ритамот -тоа беше вистинското! Песната раскажува за многуте дадени шанси иако има соло завршница. Ве оставам да уживате!“-вели Ичкова за Канал 77.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background