Марко Златановиќ доби таблет во наградната игра на Канал77

Марко Златановиќ од Скопје е добитник на таблет Lenovo Tab 4 8 (BLACK), во наградната игра „Неколку клика до таблет“, во организација на радио Канал77.

Наградната игра почна од 15, а траеше до 22 јуни и слушателите даваа одговори за песни кои им се допаѓаат, односно учествуваа во креирање на плеј листата на Канал77.

-За секогаш да биде по вкус на слушателот, ни требаше мислење од публиката, да ни кажат што им се допаѓа, да ја направат со нас најновата плејлиста за во етер и да го слушаат она што баш го сакаат, додека се на работа, во автомобил, готват, одмараат или играат, велат од Канал77.




Во етер
Наслов
Изведувач

Background