Милчо Манчевски за Канал 77: „Врба“ се работеше во хармоничен дух (ВИДЕО)
Откако филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски, ги собори рекордите со над 11.000 гледаност низ земјава, продолжува да го освојува и азискиот дел од светот. Азиската премиера ќе биде на 13 ноември во Тајпеј, Тајван, на еден од најголемите филмски фестивали во Азија.
Во пресрет на азиската премиера на „Врба“, директно од Тајпеј, добивме видео изјава од режисерот Манчевски за Канал 77.
По премиерната проекција на „Врба“ предвидена е и сесија прашања и одговори со режисерот Манчевски. Филмот ќе биде прикажан уште два пати во рамки на фестивалот, на 14 и 19 ноември.
Филмскиот фестивал во Тајпеј, кој постои од 1962 и е еден од најстарите во Азија е конгломерат во кој се споени престижните награди Златен коњ за најдобар филм од азиски автор, промоцијата на светските филмови и филмската академија.
Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија.
Главните улоги режисерот ги довери на младите актери: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и на веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други.
Дел од актерската екипа беше во фокусот на последното издание на „Стадион“ со Столе Наумов. Целата емисија можете да ја погледнете во прилог: ТУКА.