Мијата носи приказна за апокалипсата и спасот од неа
Со нова, поинаква енергија и повторно уникатен пристап, Мијата се движи по својот музички пат на домашната сцена. Во новото парче „Полетај“, раскажува приказна за апокалипсата и спасот од неа.
,, Полетај е приказна која се крчкаше и создаваше во изминативе три месеци. Сѐ започна кога на музичкиот фестивал во Италија кои ги собра контролорите на летање, ја слушнав оваа песна. Ја пееше една навистина интересна група од Германија. Од кога авторот ми дозволи да ја препеам на македонски започна редењето на коцките.
Ова што го направивме заедно со целиот тим е само доказ дека ако нешто вистински се сака, тогаш ништо не е невозможно. Едноставно нештата се редеа сами.”- вели Мијата.
“Полетај” е музичко дело на Ханс Греис, текстот е на Мијата, а аранжманот го направи Дамир Пух чие дело се и специфичните гитарски делници.
Во видео записот како дел од бендот учествуваат Иво Митковски на тапани, Кире Мирчовски на гитара и Ване Ѓорговски на бас. На режијата се потпишува Огнен Шапковски.