Наречете тавтабита по името на бившата љубов и орасположете се за Валентајн
„Химслеј центарот” за конзервација во Англија нуди прилика лутината кон поранешното момче или девојка да ја излечите со тавтабита. За 1,5 фунти може една тавтабита да ја наречете по името на бившата љубов и да се орасположите за Денот на вљубените.
Во центарот одлучиле дека тавтабитата не може да се посвои, затоа на луѓето со скршено срце ќе се обидат да им помогнат да ја заборават неуспешната врска со помош на програмот „Именувај ја својата тавтабита“.
Оваа акција стана популарна минатата година кога луѓето со скршени срца масовно за 1,5 фунти ги именуваа инсектите и така донираа храна за гладни животни. Кога несреќно вљубените ќе одлучат како ќе се вика нивната тавтабита, ќе го потврдат својот избор, ќе добијат сертификат, кој ќе го овековечи бившиот или бившата како инсект. Целиот износ од собраните средства ќе биде вложен во нови проекти во Зоолошка градина. Освен што ќе именуваат тавтабита, пред да ја добијат потврдата, може да дозволат името на нивната порнешна љубов да се стави на „табелата на тавтабити“ и да го видат сите посетители на центарот.
Годнава, покрај вообичаеното именување на тавтабитите, сите корисници од Англија можат да купат кутија за подарок во која освен сертификатот ќе добијат и природен сапун, шампон и сунѓер за капење, за да од себе ги исперат остатоците од бившата љубов.
Во “Химслеј центарот” на корисниците им порачуваат да не нудат дополнително пари, бидејки никој од центарот нема да ги снима или гази именуваните тавтабити, тие ќе останат живи и понатаму. Најважно е љубовната болка да исчезне.