Неколку улици во Њујорк беа именувани по Ву-танг клан

Неколку улици во њујоршкиот кварт Парк Хил, беа именувани по култната локална хип-хоп група Ву-танг клан, соопштија градските власти.

Градското собрание на Њујорк таа одлука ја донесе едногласно минатата година во декември.

Бендот, инаку, е основан во 1992 година и има 40 милиони продадени албуми, многубројни награди, како и сопствен бренд.

На свченоста, покрај делегација на локалните власти, присуствуваа десетици обожаватели и, секако – членовите на бендот Ву-танг клан.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background