Не е едноставно да видите улица полна со цивили со половина тела – Атовска за военото известување и ситуацијата во Украина (видео)

За да се биде воен известувач според новинарката Кристина Атовска која еден месец помина во военото подрачје во Украина пресудни се повеќе фактори, но најважно како што вели е да бидеш психички подготвен за она што те очекува таму.

– Мојата обука за воено новинарство чинеше многу и не е било каква. Друга работа е дека постои огромна документација која мора да биде средена, бидејќи без адекватна акредитација вие на терен сте само шпион и не само што си го ризикувате ќивотот, туку си ја ризикувате слободата и ризикувате да завршите во затвор. На крај мора да сте психички подготвени за се, за глад, за жед, опасност по живот и за сите гадости кои ќе ги видите. Не е ни малку едноставно да видите улица полна со цивили со половина тела. Во Буча не не пуштија одма, туку откако се повлекоа трупите. Првиот ден влезе армијата и оние први слики се направени од нивната служба. Кога влеговме многу работи се уште не беа отстранети, како на пример телата под кои се сомневаа дека има мини, имаше црно-бела линија кај куќите кај кои се верува дека има неексплодирани направи, рече Атовска во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Во однос на информациите кои циркулираат низ јавноста дека во Украина е забранет рускиот јазик, Атовска вели дека тоа не е точно. Во источниот дел кој е и цел на руските напади таа вели дека сите зборуваат руски, а има и луѓе кои не ни знаат да зборуваат украински.

– Во Киев се зборуваат двата јазици и се е двојазично. Пример кога купуваш карта за воз пишува и на украински и на руски, на официјалните документи исто. Ако зборуваш со некој и не знае да ти одговори на наглиски одговара на руски, вели Атовска.

Во Киев Атовска вели дека целото население било во функција на помош на армијата и на државата. Овде таа била и едниствениот новинар сместен во шелтер целтар за украинци.

– Само тоа што бев сама и женско ми ги отвори вратите за да влезам во шелтер. Другите новинари беа во хотели, јас спиев каде што спиеја киевчани. Инаку не пуштаат странци, бидејќи таму има храна и лекови. Сепак мнопгу ми драго што бев таму, а не во хотел, буквално почувствував како живеат тие луѓе тие денови и запознав прекрасни луѓе, рече Атовска.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background