Не мешајте ги суплементите со утринското кафе
Доколку имате обичај суплементите да ги консумирате со утринското кафе, време е да ја промените таа навика.
Имено, кофеинот во кафето може да ја намали способноста на организмот да апсорбира одредени витамини и минерали, како што се витаминот Б-комплекс, витамин Д, железото и калциумот.
Ова не случај само со кафето, туку и со другите напитоци што содржат кофеин како што се кока-кола, црниот и зелениот чај.
Кафето или чајот треба да ги пиете барем еден час пред или два часови по земањето на суплемнетите, што би било најдобро да ги испиете со вода.
Превземено од: Таратур