Нова примена на матичните клетки

Матичните клетки инјектирани 30 минути по мозочниот удар можат да забрзаат заздравување на функцијата на мозокот, покажуваат тестирањата извршени врз животни.

Боливиски научници од болницата во Ла Паз во стручното списание „Stem Cell Research and Therapy“ објавија дека кај вака третираните животни нормална функција на мозокот може да биде воспоставена во рок од две недели по мозочниот удар.

Некои претходни студии веќе укажаа на можноста на примена на матичните клетки во забрзување на заздравувањето на ткивото оштетено во мозочниот удар.

Во новото истражување користени се матични клетки со потекло од масното ткиво и коскената срж кои потоа се инјектирани во крвните садови на животните кај кои е индуциран мозочен удар.

Првите знаци на заздравување за воочени веќе по 24 часа.

Извор: Макфакс


Во етер
Наслов
Изведувач

Background