Ноќен експрес: Отсуство на дебата

Со Игор Мицевски, предавач и истражувач на Институтот за комуникациски студии, разговараме за отсуството на дебата помеѓу политичките актери, за причините но и за начините како да се зголеми притисокот за таа да се случи.

Мицевски вели дека отсуството на дебата е последица на повеќегодишна колонизација на медиумскиот простор од страна на партијата и државата, со наратив кој не дозволува пукнатини и оставање можности да биде предизвикан. Решенијата ги гледа во консолидирање на институциите, како и во јакнење на сојузот помеѓу медиумите и граѓанството, при што медиумите би послужиле како партиципативни платформи за заеднички притисок врз политичките актери и институциите во функција на заштита на општото добро и јавниот интерес.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background