Ноќен експрес: Се исплаќа ли бизнисот со обложувалници?

Менаџер кој раководи со повеќе обложувалници од познат бренд, тврди дека овој бизнис е сериозен и по обемот на пари, а и според бројот на вработени, бидејќи како што вели, со него се опфатени околу 2000-3000 вработени. Според него овој вид на „пробување на среќа“ е пред сé забава.

– Генерално игрите на среќа во обложувалница се забава, огромен број од населението тоа значи преку 90% не оди во обложувалница за да оствари приход, туку првенствено за забава. Еден просечен играч во обложувалница троши просечно 150 денари на неделно ниво. Нормално , дека постојат еден тип на играчи кои што по природа лесно можат да потонат во зависност, но и во алкохол цигари дрога и сл. Генерално лесно се препознаваат, тој тип на играчи се многу специфични, нервозни и создаваат тензии во самите обложувалници . А обложувалниците се места каде што се собираат луѓето за дружба и да гледаат заедно натпревари.

На некои од нив „ставаат по некое ливче“ и да испијат по едно пивце. Таквите луѓе генерално на сите им сметаат и гледаме генерално да ги едуцираме и поучиме, дека тоа не чини, дека треба да побараат помош за нивната зависност затоа што не е поврзана таа зависност со обложување. Ако не се во обложувалница тие на друго место се пијанчат и се склони кон некоја друга зависност.

– Можеби некогаш удира гром од ведро небо и некој се посреќи, и имало такви , до душа и секојдневно има такви, по некаде некој , во некој град за мала уплата ќе фати голема добивка, тоа често се случува. Најголемата добивка ,тешко е да се каже, меѓутоа максимално во просек се движи околу 600 илјади денари.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background