Оваа билка е најмоќниот антиоксиданс, а веројатно ја имате дома

За медитеранските народи важи дека се здрави и младолики и ретко патат од срцеви заболувања. Сето ова често се препишува на врамнотежената исхрана која изобилува со риба и зеленчук.

Меѓу нивните „тајни“ е еден зачин кој со задоволство го ставаат во скоро па секое јадење-босилек. Лековитите дејства на оваа билка се познати од многу одамна. Сепак најголемата популарност босилекот ја стекна во текот на последниве години. А една од главните причини за ваквата слава е големото присуство на антиоксиданси во составот. Токму тие се чувари на здравото срце, но делуваат и превентивно кога станува збор за разни болести.

Освен тоа, имаат и антивоспалително и антиканцерогено дејство. Помагаат и во забавување на процесот на стареење. Па така, босилекот важи за чистач на крвните садови, но помага и во контрола на холестеролот. Има висока содржина на витамин К, А и Ц витамин, како и бета каротен.

Овде не завршува листата со добри карактеристики. Босилекот е богат извор на минерали како калциум, калиум, манган и флавоноиди. Но, има седативно дејство, па не се препорачува да биде дел од исхраната на трудниците на почетокот од бременоста, како и кај бебиња помали од шест месеци. Иако често се конзумира во исушена форма, во облик на зачин, се разбира, најздрава варијанта е кога се конзумира свеж.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background