Отец Пимен стана текстописец и продуцент на рок балада

Познатиот отец Пимен направи песна за ресенскиот бенд „Плет“, што по ресенски значи ограда. Песната се вика „Чат пат“ и е најава за албум, кој овој бенд го подготвува.

                                                        Пејач на „Плот“ е Јован Симоновски

-Бендот е формиран за овој проект и ќе се прави албум, бидејки веќе се во подготовка други песни. Спотот веќе се снима и мислам дека до крајот на април ќе биде промовиран.   Членовите на бендот се од Ресен и се членови на поранешните бендови „Нексус и“ и „Лизардс“  како и актуелниот рок бенд од Ресен „Инстикт“, вели отец Пимен.

„Плот“ на проба

Отец Пимен  го направи текстот за оваа песна и е продуцент. Музиката е на Ѓоко Таневски-Бифо а аранжманот е на целиот бенд.  Дел од бендот се Кода и Илија на гитара, Петар Бардак на бас гитара и  Бифо. Пејач е Јован Симоновски (18), кој е активен пејач и на групата „ Инстикт“.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background