Пејачката Елена Миленковска ќе роди син
Поп пејачката Елена Миленковска, која минатиот месец се омажи за колегата Александар Гуте Маринковиќ, ќе роди син. Таа среќната вест денес ја сподели на својот Фејсбук профил.
-Откако дознавме дека сум бремена имав чувство дека ќе биде машко. Сега веќе ни го потврдија тоа. Поминав половина од бременоста. Нашиот син веќе е 600 грама, не слуша, не чувствува и знае колку го сакаат мама и тато. Едвај чекам да се породам и да ни се спојат мирисите, напиша пејачката.
Елена веќе втора година се натпреварува во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде и го запозна нејзиниот сопруг Александар, кој живее во Српски Милетиќ. Минатиот месец тие го склопија граѓанскио брак. Поради бременоста Елена го откажа понатамошното учество во региолното шоу.