Пејачката Емина Јаховиќ прва ставила прстен на желудникот- 15.000 евра за витка линија

Босанската пејачка  Емина Јаховиќ  е една од првите јавни личности кои вградиле прстен околу желудникот. Тоа го направила пред една деценија, бидејки била склона кон дебелеење, пишува српскиот портал  Курир.  Таа оваа интервенција ја криеше 10 години а во тоа време на Балканот  и не беше толку популарно вградувањето  прстен, со што за кусо време се слабее и се доаѓа до идеалната тежина. Емина и денес не зборува за ова, но на медиумите тајната ја открил нејзин близок пријател.

– На почетокот на кариерата сакаше многу нешта да смени, беше незадоволна.  Мислам дека Емина е прва која вградила прстен за да се осигура дека нема никогаш повеќе да се здебели.  Додека не го направи тоа, таа држеше исцрпувачки диети, внимаваше колку калории внесува. Лекарот кој ја оперираше беше зачуден, таа и тогаш не беше толку дебела, но се сложи на за ваков зафат.  По интервенцијатаа Емина повеќе од три недели постојано повраќаше, но сето тоа подоцна се нормализира, вели пријател на пејачката.

Подоцна таа направила и неколку естетски корекции на тело а потоа и на лицето.

– Неколку пати го оперираше носот,  јагодиците ги правеше два пати, неколку пати и усните. Сите интервенции се скапи. Се зборува по медиумите за 20.000 евра, но сметам дека тоа е многу поголема сума, бидејки само за вградување на прстенот во приватна клиника плати околу 15.000 евра, рекол тој.

Фото: haber3.com


Во етер
Наслов
Изведувач

Background