Пијалок со лимон и краставица за потенка половина

Лимонадата со краставица е одличен избор, доколку сакате да го намалите обемот околу струкот за некоку сантиметри. Не само што е освежителна во топлите денови, лимонадата со краставица е добар сојузник во топењето на „перничињата“ и намалување на струкот. Конзумирајте ја секојдневно наместо вода, а резултатите ќе ги почувствувате веќе после првата недела.

Рецептот е многу едноставен:

Во два литра вода натопете свежа, неизлупена краставица претходно добро измиена и исечкана на кругови. Потоа исцедете сок од 2 лимона и на крајот додадете 1 лажица ѓумбир и неколку ливчиња нане.

Лимонадата ставете ја во фрижидер да отстои преку ноќта. Количината е доволна за едно лице за еден ден.

Може да додадете и неколку коцки мраз во чашата.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background