Плацидо Доминго им се извини на жените кои ги силувал

Шпанскиот  тенор Плацидо Доминго,  кој е обвинет во САД за сексуално малтретирање на 20тина жени, побара прошка од нив со пораката  дека искрено му е жал поради патењето кое им го нанел.

“Сакам сите да знаат дека искрено ми е жал поради траумите што им ги нанесов. Ја прифаќам сета одговорност за своите дела,  рекол 79 годишниот  шпански пејач, кој до сега успешно ги негираше обвинувањата.

Агенцијата „А П“  пред неколку месеци објави истражување во кое девет жени потврдиле дека пејачот ги вознемирувал до крајот на 80тите. Агенцијата потоа  објави  друго истражување во кое исти оптужби поднеле уште 11 жени.

Доминго во соопштението навел дека „последните месеци размислувал за обвиненијата“ и дека „сега сваќа дека некои жени можеби се плашеле искрено да се изјаснат, плашејки се за последиците во карирата“.

Тој  побарал прошка ден потоа откако поротата во Њујорк  го прогласи за виновен филмскиот продуцент Харви Вајнстин  за сексуално малтретирање и силување.

По овие обвинувања Доминго се повлече од функцијата главен директор на операта од  Лос Ангелес, на која беше од 2003 година.  Тој го откажа и настапот во Метрополитен операта во Њујорк, а нему соработка му откажале останатите оперки куќи во Америка.  Тој продолжи со работа во Европа.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background