Подмоље плива во фекалии

Жители на охридското село Подмоље, каде се наоѓа една од пумпните станици на колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро се жалат  дека непречистена вода со фекалии многу често се влеваат директно во езерото, поради што се шири  неподнослива смреда. Слична е состојбата и на неколку други места долж езерскиот брег. Според експертите итно е потребна доградба и проширување на колекторот. Во споротивно, на Охридското езеро му се заканува уште една еколошка катастрофа. Сторија на Мики Трајковски.

-Колекторот нон стоп тече, а фекалиите директно се влеват во езеро.Реагирано е ама ништо не помага.Пумпната станица работи но повеќе испушта.Постојано се случува и се шири миризба, а во селото не се живее.Кога има поголеми врнежи од дожд течи цела река.Тоа  одговорно го тврдам.

КН 77:Може ли да се најде здрава риба?

-ТешкоНеможе ниту да се лови, таа риба не е здрава за јадење, вели жител на селото Подмоље.

Сведочењето на овој жител на Подмоље е слика на состoјбата со некои населени места на оhридскиот брег.  Колеторскиот систем е изграден во времето на поранешна Југославија, пред речиси 30 години. Изграден е во 1987 година, а во употреба е пуштен две години подоцна во 1989. Трајче Талески од Хидробиолошкиот завод во  Охрид вели дека со непланска изградба бројот на луѓе покрај Охридското езеро постојано се зголемувал. Поради тоа,  капацитетот на колекторскиот систем не можел да ја прими сета отпадна вода.

По секој дожд колекторскиот систем не функионира

Според Ваит Ајро, експерт по животна средина и поранешен директор во струшкиот дел на МJP „Проаква“, проблемите почнале да се појавуваат по спојувањето на јавните претпријатија Водовод Охрид, Водовод Струга и Јавното претпријатие „Охридско езеро“ во 1999 година во едно претпријатие „Проаква“.

-Но, со реализација на втората и третата фаза проектирани во 1987 година системот ќе функционираше денес беспрекорно и немаше да има проблеми. Нема потреба од два – три дена да врне, подземните води да се подигнат и колекторскиот систем да не функционира. Тоа се влева делумно во Охридското езеро и најамногу во реката Црни Дрим.Околу 30-40 % е функционалноста на пречистиелната станица на тие отпадни води. Значи не повеќе од 500-700 литри вода во секунда да прифаќа.70% се прелеваат во езеро и во Дрим. Системот за пречистување толку функционира. Системот на одведување функционира 100 %, но е проектиран да прифаќа толку води, вели Ајро.

Според него на системот му е наопходна итна надоградба бидејки истиот е проектиран за само 120.000 жители .

-Граѓаните плаќаат одредена сума на пари за кубик на вода, а системот не може да се одржува со тие пари и тоа е познато. Но, со одредени проекти, финансии и донации системот може да се стабилизра, како што беше случајот со помошта од Швајцарската влада која донираше еден милион франци, со што се оспособија речиси сите пумпни станици со нови редуктори.Но поминаа не помалку од пет години од таа донација и тие бараат одржување тие машини и изгледа тоа не се постигнува како што треба, вели Ајро.

Работи само една пумпа

Моменталната ситуација во колекторот е сериозна вели Маир Положани , заменик раководител на работната едница Колектор.

-По нашата проценка на терен, нам сите пумпни станици ни работат само по една пумпа.Тоа значи дека ако откаже таа пумпа на Даљан или Сатеска ќе има поплава.Ова никој не го кажува. Најмногу имаме тешкотии со редакторите бидејки електромоторите ќе ги репарираме, а електромоторот е малку тешко да се репарира. Слабо добиваме и резервни делови и за поситни работи.Проблем голем за колекторот е што 24 часа работи, а транспортира вода непотребно“, вели Положани

Положани вели дека во системот влегува за три пати повеќе вода од предвидениот капацитет. Според него капацитетот на пречиститечната станица на колекторскиот систем во Ложани е да може да пречистува 570 литри вода во секунда.

„Ни доаѓа вода наместо 5 милиони кубици, колку што е капацитетот за тие 120.000 жители, нам ни доаѓаат 18 милиони кубици вода. Трошиме струја и чистиме вода без потреба.Решението е да се делат каналите за црни води и за атмосферски води.Ситуацијата е уште поалармантна. Излевање имаме секој ден. Во езерото не често, но во Црни Дрим се случува секојдневно“, вели Положани.

Реагираат и од невладиниот сектор. Димитри Голабоски од здружението Аква од Струга смета дека е парадоксално покрај толку многу вода да има проблем со пречистување на отпадните води.

„Тој во изминатите десет години ниту се обновувал ниту се поправал ниту се наградувал. Тука е проблемот.Не е проблемот да немаше основа за добро работење.Имаше основа за добро работење, само што средствата и човечките ресурси треба да се насочат натаму, изјави Гулабоски.

Јапонија пред две години понудила пари – договорот стои непотпишан
Со јапонска помош уште пред две години беше направен иснепкциски надзор врз колекторскиот систем и беа утврдени сите болни точки на системот. Изработена е физибилити студија и утврдени се  приоритетите. Јапонската агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на студијата.Останува да се  потпише договор меѓу владите на двете држави, а што и како ќе се работи зависи од договорот. Исто така, беше формирано тело при што беше изработен проект со кој што се превидува надограба на системот, а со што истиот ќе може да ги прифати водите за 200.000  жители во Охрид и Струга.

Должината на целиот колекторски систем е околу 40 километри. Има вкупно 21 пумпна станица.Се’ уште постојат делови од Охридското езеро кои не се опфатени со системот, како што е струшкото село Радожда. Инаку,  неодамна општинските совети на Охрид и Струга донесоа одлука за поделба на МЈП Проаква на три посебни јавни претпријатија, а од државата побараа таа да го преземе управувањето со колекторскиот систем,  бидејки дека финансиски општините не можат да го издржат товарот кој со себе го носи работењето на колекторот.

Подготовката на овој материјал беше овозможена со поддршка од Британската амбасада во Македонија, во рамките на проектот Зголемена локална транспарентност и отчетност преку квалитетни медиумски содржини. Мислењата и ставовите во овој материјал не секогаш ги одразуваат  мислењата и ставовите на Британската амбасада во Македонија.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background