Политикологот Борјан Ѓузелов во Стадион за корупцискиот брак на партиите и медиумите
Медиумите се релативно скапа работа а парите во игра се мали, вели политикологот Борјан Ѓузелов во гостувањето на Стадион на тема „ Државни пари за медиумски опстанок или медиумски „шепот“.
Државната поддршка за нешто што треба да значи јавна сфера и јавен интерес, информациите за активностите на централно или на локално ниво, не е нужно лошо, проблемот се јавува кога тоа ќе се злоупотреби.Тоа беше така изминатите единаесет години а и сега се изнаоѓаат иновативни начини тоа да се злоупотреби.Ние одиме во фаза во која, затоа што сме се изгореле од жешко млеко, сега да дуваме и во студен јогурт, вели Ѓузелов.
Со негови колеги тој ги истражувал овие состојби во регионот и еден од заклучоците бил дека овие проблеми најчесто не произлегуваат од медиумите, туку од сопствениците на медиумите на кои што медиумите не им е примарен бизнис.