Придобивки од дињата

Дињата, како и многу други видови овошје, има значајно место и примена во народната медицина. Нејзиниот плод, сок и семе се користат за многу  здравствени проблеми.

Во продолжение, прочитајте за што се’ може да се користи дињата:

Против грчеви

Измешајте 2 лажички семе од диња со 2 лажички семе од краставица и прелијте ги со 6дцл зовриена вода. Оставете ја течноста да постои поклопена два часа, па исцедете ја. Се пие по 1дцл пред појадокот, 2дцл пред ручек и вечера. Лекувањето трае 10 дена.

За мочниот меур

Измешајте 2 лажички ситно измелено семе од диња, 2 лажички семе од краставица и 1 лажичка исечкани вишни. Прелијте ги со 7дцл зовриена вода и оставете ја смесата да отстои преклопена два часа. Исцедете ја и пијте по 2,5дцл три пати дневно пред оброк во рок од пет дена.

За зајакнување на имунитетот

Сокот од диња исцеден рачно или во соковник, измешајте го со јогурт, мед и лимонов сок. Пијте по една чаша, два до три пати дневно.

Нега на сува кожа

Во свежо исцеден сок од диња додадете еднаква количина на млеко и оризова вода. Овој лосион се става на лице наутро и навечер. Нека постои 20 минути, па потоа лицето измијте го со млака вода.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background