Придобивки од консумирањето лубеница

Тешко некој може да им одолее на вкусните лубеници. И добро е тоа што е така, затоа што тоа е многу здраво, а притоа и нискокалорично овошје, полно со придобивки за нашето тело.

Основните здравствени придобивки од лубеницата:

1. Лубеницата е богата со електролити и вода, кои се природен лек за борба против тропските жештини, жедта и дехидрацијата.

2. Таа има многу малку калории (30 калории на 100грама). Сепак, бремените жени кои се склони кон прејадување одредени видови на храна треба да бидат внимателни да не претеруваат поради што може да се развие дијабетес.

3. Лубеницата е исклучително богата со фитонутритиенти и антиоксиданси кои го чуваат здравјето на луѓето.

4. Таа е одличен извор на витамин А, природен антиоксиданс (100 грама свежа лубеница обезбедува 569 милиграми или 19 отсто од дневните потреби и витамини). Витаминот А е важен за одржување на здрава кожа и заштитува голем број на други телесни функции, вклучувајќи ги и здравствените, белите дробови и усната шуплина.

5. Лубеницата е богата и со антиоксиданси како што се ликопен, бетакаротен, лутеин, заексантин и криптоксантин. Овие антиоксиданси се ефективни во превенција од ракот на дебело црево, простата, гради, ендоматерија, бели дробови и панкреас.

6. Таа е одличен извор на калиум кој е нужен за рамнотежа на електролитите, за контрола на отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Калиумот е важен за превенција од срцевиот и мозочниот удар.

7. Лубеницата содржи голема количина на витамин B6, витамин B1, витамин C и манган. Храната богата со витамин C му помага на имунолошкиот систем, додека манганот како елемент е важен за здравјето на кожата и коските.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background