Проверена екипа за новата „Суден час“ на Јовче Пандев

Свежа музика и впечатливо видео парче на домашната музичка сцена, донесе пејачот Јовче Пандев со премиерното прикажување на неговата „Суден час“.

На втората авторска песна работеше со истата екипа која беше задолжена и за претходниот сингл. Музиката и текстот се на Пандев, а на басот и на целосната продукција печат става Горан Гешовски. Аранжманот, гитарите и клавијатурите се на Иван Петровски.

„Ова е многу важна песна за нас, за мене… Затоа што оваа песна означува старт на мојот инспиративен пат до прв студиски албум, кој е планирано да излезе до крајот на оваа година. Одам чекор по чекор или сингл по сингл. Се надевам дека овој нов призвук потпишан од екипата која работеше на песнава, ќе си го најде вистинскиот пат до ушите на слушателите.“ –вели Пандев за Канал 77.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background