Ноќен Експрес

Страна: 120

Спојување на виното и љубовта, поттикнување на креативноста и уметничкиот израз. Ова се основните компоненти на проектот Вино и Љубов, реализиран како програмска активност на Радио Мрежа Канал 77. Вино и љубов е проект кој беше реализиран во соработка со туристичката агенција ЈК Травел, а подарокот за најсреќниот учесник беше викенд за две лица во […]

Најмалите слушатели на Канал 77 и оваа година добија вредни подароци за својата креативност. Откако втора година по ред, тие му ги кажаа своите желби на Дедо Мраз, тој ги посети во нивните домови изненадувајќи ги со прекрасни играчки, пакети млечни производи, хулахопки и така натаму. Патувањето по влажните коловози за време на врнежи од […]

Почитувани слушатели и посетители, Би сакале да Ве информираме дека Радио Канал 77 следејки ги новите технолигии и иновации во радио и ТВ комуникациите, започнувајки од 01.08.2016 година за своите слушатели е достапен на Тотал ТВ сателитската платформа и дигиталната IP телевизија Нет ТВ Плус. Радио Канал 77 на Тотал ТВ можат да го слушат […]

Политичката криза може многу семејства во Охрид да остави без леб.Ако нема разрешница, предупредуваат туристичките работници, тогаш таа сериозно ќе удри врз туризмот кој е водечка стопанска гранка во градот. Иљадници граѓани го очекуваат доаѓањето на туристичката сезона како можност да заработат некој денар повеќе, како би го преживеале остатокот од годината. Половина Охрид живее […]

Ќе се јави конфликт меѓу граѓаните и власта доколку институциите не ја почитуваат граѓанската воља искажана преку референдумот, бидејќи граѓаните се носители на власта. Ова е толкувањето на професорот по Уставно право, Светомир Шкариќ, за искажаниот скептицијам во јавноста, дека граѓанското „не“ за изградба на рудник во Гевгелија, нема да биде почитувано од централната власт. […]

Кога ќе се спомене Дојран и погранично место, веднаш првата асоцијација е на трговската размена со посетителите од јужниот сосед, која значително се зголеми во последните години на економската криза што ескалираше од другата страна на границата. Грците ги преплавија бензиските станици, стоматолошките ординации, дуќаните, рестораните, пазарите во пограничните места со Македонија, меѓу кои е […]

Предлогот за референдум, преку кој граѓаните на општина Валандово ќе се изјаснат за изградба на рудник, доаѓа во време кога компанијата веќе напредна во градежните работи. Почната e градбата на рудникот, се поставува магистралниот цевковод, оформени се бедемите на работното и на акумулационото езеро. Украинската компанија Сардич, која го гради рудникот, уште во 2015 година […]

Нема пари за реконструкција на една од куќите што општината ги доби на подарок од штипскиот кардиохирург, Жан Митрев. Средствата што ги доби преку Источно планскиот регион отидоа во Виница. Од општината велат одбиени се без образложение, од Источно планскиот регион пак, недостасувала потребната документација. Во Штип има околу дваесет стари куќи со решение за […]

Здружението на пензионери од Струмица речиси седум години чека дозвола за тарнсфорамција на земјиштето, кое го користат за да градат пензионерски станови. Постапката заглавила во Одделението за имотно правни работи при Министерството за Финансии. Станува збор за повеќе од илјада метри квадратни земјиште кое се води на Р.Македонија, а на кое Здружението има своја зграда, […]

Пожарите во март, само на територијата на Пијанец и Малеш изгореа над 200 хектари шума. Сите пожари се предизвикани од човечки фактор, а штетите се бројат во милиони, но последиците се немерливи. Шумата, освен дрвна маса има и 5 илјади други општокорисни функции, а таа ги губи, поради ниската свест кај луѓето за значењето на […]


Во етер
Наслов
Изведувач

Background