Професор Димитриевски: Потребна ни е агенција за земјоделско земјиште(видео)
Голем дел од земјоделското земјиште во Македонија не се обработува. Не функционира земјоделскиот катастар и сопственоста. Затоа под итно треба да се формира Агенција која ќе управува и менаџира со земјоделските површини – изјави во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, Драги Димитриевски, професор на факултетот за земјоделски науки и храна.
Тој тврди дека порано во земјава се обработувало вкупно 660.000 хектари обработливо земјоделско земјиште, денеска ако се погледне статистиката ќе бидиме дека имаме можеби околу 40% или во моментов се обработува околу 400.000 хектари .