Радиото останува популарен медиум во дигиталната ера

Според истражувањето кое го спроведе Нилсен, радиото останува релевантен канал во оваа доба на паметни телефони.

Како изворен електронски медиуми, радиото сè уште има најголем досег во Америка, достигнувајќи до најголем број на луѓе од било која било друга платформа која ја мери Нилсен. Кога станува збор за возрасните лица, постари од 18 години, радиото допира до 92% од нив во САД на неделно ниво.

Радиото има голема популарност  и има различни слушатели кога ќе се земе предвид колку луѓе го слушаат, во сите групи според возраста, полот и етничката припадност. Не е изненадувачки што возрасните од 18 до 49 години се демографската група која најмногу се ангажира со овој медиум. Месечниот досег за оваа група слушатели во САД е 132,4 милиони (98% од населението), а кантри музиката е меѓу нив најпопуларниот жанр.

Возрасните лица на возраст од 25 до 54 години се втората најангажирана група, така што во оваа возрасна група радиото достигнува до 123,6 милиони (или 99% од групата) секој месец.

Кога ги гледаме овие демографски групи по пол и жените и мажите на возраст од 18-49 години масовно го користат радиото, а нивната слушаност е речиси еднаква со 65,9 милиони жени (97%), а 65,4 милиони мажи (98%). И повторно, кантри музиката е омилен жанр на двата пола.

 

Популарноста на радиото се протега и на тинејџерите и месечно достигнува до 93% од оваа демографска група во САД. Ова се однесува на 23,3 милиони деца на возраст од 12 до 17 години кои секој месец слушаат радио. Кај оваа помлада демографија, современата поп музика е омилен жанр, додека кантри музиката е на второ место. И кај возрасните Афроамериканци и Латиноамериканци, радиото е многу популарно – 98% од секоја од овие групи го слуша радиото месечно, што значи 35,1 милиони слушатели афроамериканска популација и 45,6 милиони Латиноамериканци.

Радиото се поврзува со вистинската публика во вистинско време, особено кога потрошувачите се во движење и се подготвуваат да купуваат. Потрошувачите користат радио најмногу кога се надвор од дома. Слушањето надвор од домот во текот на целата недела е повеќе од двојно повисоко (69%) отколку слушањето дома (31%).

Бидејќи повеќето го конзумираат радиото надвор од домот (особено кога возат до и од работа или при извршување на одредени задачи), тоа нуди значајна можност за огласувачите да ги пренесат своите пораки непосредно пред потенцијалните купувања. Успехот и долговечноста на радиото во голема мера се должи на завидниот простор кој го завзема во автомобилите. Тоа е бесплатно, сеприсутно и на дофат на рака на речиси секој потрошувач на патот денес. Поголемиот дел на слушањето радио надвор од дома се одвива токму во возилото: 66% во текот на целата недела, 71% во текот на патувањето на работа од понеделник до петок, а 79% за време на викендите.

Кога станува збор за иднината, новите технологии и платформи за дистрибуција, вклучувајќи подкасти и паметни звучници, го прошируваат аудио пејзажот, обезбедувајќи им на корисниците повеќе специјализирани содржини и начини за слушање. При мерење на употребата на подкасти на пазарот, Washington D.C и Seattle-Tacoma (46%) имаат највисока пенетрација во домаќинства кои се дел од програмата на Нилсен со пиплметри. Њујорк е лидер кога станува збор за бројот на паметни звучници во домовите (46%), по што следи Минеаполис и Филаделфија (36,9%).

Радиото е сè уште динамичен медиум со кој потрошувачите можат да се вклучат, бидејќи се развива и се зголемува преку нови платформи и технологии.

За дополнителни информации за звучните технологии, преземете најновиот извештај на Нилсен: Audio Today Report: How America Listens.

Извор: marketing365.mk 

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background