Ристоски: Автопатот Тетово – Гостивар сеуште е без заштитна мрежа (ВИДЕО)
– Сите тужат, но Македонија пат е погрешното место. Во тужбите се користи едно куче за пет сообракајќи. Имаше афера со местење записници од полицијата. Неопходни се законски измени за да профункционира вистински заштитата и одржувањето на патиштата во Македонија. Сите пари од регистрација, патарини, бензини се слеваат во ЈП за државни патишта, Македонија пат е изведувач и извршител согласно парите и програмите што ќе ни ги дадат од државни патишта, Ние предупредуваме, сигнализираме за одредени проблеми, одрони , дупки, искинати мрежи и потреба од интервенција, но без нивно знаење, дозвола и финансии ништо не можеме да сториме – вели Перо Ристоски од ЈП за заштита и одржување на магистрални и регионални патишта, кое по Преспанскиот договор го избриша од својот назив името Македонија пат.