Роналдо на Георгина и дава еден милион евра годишно за џепарлак
Кристијано Роналдо и Георгина Родригез заедно се неколку години и се грижат за четири деца, три од сурогат мајка и заедничка керкичка. Италијанските медиуми открија колкав износ Георгина месечно добива за да живее на висока нога. Роналдо во Јувентус заработува 33 милиони евра годишно, а таа од него годишно добива малку повеќе од еден милион евра. Георгина, која пораснала во многу скромни услови во едно село на север од Шпанија, месечно добива по 96 илјади евра кои треба да ги потроши како што сака.
Покрај џепарлакот од Роналдо, таа како инфлуенсерка од Инстраграм заработува околу 7.000 евра за една спонзорирана објава. Затоа и за роденден на Роналдо му купила скапоцен автомобил.