Сара Мејс на емотивниот врв на среќата со „Бакар боја“

Дека Сара Мејс го живее еден од најинспиративните периоди во нејзиниот живот потврди со топлината и емоциите кои ги внесе во нејзиното последно парче „Бакар боја“.

Дури и да немате чуено каде е центарот на инспирацијата за песнава, ќе препознаете сами, веќе по првото преслушување.

Кога почетна точка е немерливата љубов и образите полни нектари на нејзината ќерка Илина, не може да се очекува ништо помалку од емоција без крај во нејзините ноти и редови.

Токму затоа, како исклучително го опиша чувството додека ја создавала песната, со оглед на тоа што инспирација и е баш најинспиративниот лик во нејзиниот живот.

„Многу посебно…. како никогаш до сега…. не знам како да го опишам ова. Треба да се доживее! Најблиску до одговор на ова прашање е самиот текст на песнава.“ – изјави Сара Мејс за Канал 77.

Приказната насловена Copper room sessions не застанува тука.

„ Да, ќе има уште! Овој Алшар (студиото) на Ивица Јанкуловски (продуцентот) е музички рудник во кој се копа постојано. Нестрплива сум повторно да влеземе во студио со истата екипа. Веќе се работи на нова идеја (песна)“ – додаде пејачката.

Освен што ги бои нотите на уникатен начин со глас и со свирење на нејзината омилена харфа, таа на „Бакар боја“ се потпишува и како комплетен автор.

Нејзина вокална поддршка е Теона Јованоска, Симеон Ангеловски е на бас и Драган Теодосиевски е на тапани. На продукцијата се потпишува Ивица Јанкуловски, кој се погрижи и за самиот звук. Камерите ги водеа Стефан Рајхл, Петар Аврамоски, Филип Ѓорѓиоски и Антон Лазаревски, а асистент на звук на проектот е Бисера Анастасова.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background