Светна звездата на Николче Тасев, деби со албум

Фолк пејачот Николче Тасев го промовираше својот деби албум „Ѕвездо моја“. Изданието содржи девет песни.

–    Со музика почнав да се занимавам на пет годишна возраст. Прво почнав да свирам на мала тарабука, а по неколку години и на сет тапани и мала хармоника. Кога почнав да учам во средното музичко училиште, почнав да свирам на клавијатури. Често го слушав мојот татко дома кога свири на хармоника, или кога вежбаше со неговата група. Тогаш сфатив дека музиката ќе биде дел од мојот живот – открива Николче

Изданието содржи девет песни, а на шест од нив музиката и текстот ги напиша Тони Биоритам. Аранжманите се дело на Славко Ристески. Темите се снимени во студиото ,,Просаунд,, во Прилеп. Дел од авторскиот тим се и Миле Барбаровски, Огнен Неделковски и Љупчо Соколовски. Групата ,,Генерација 2,“ ја потпишува темата  посветена на Манастирот Воскресение Христово.

–    Во 2013 година почнав да свирам во група со мојот татко Тоше. Ја нарековме ,,Генерација 2,, бидејќи е продолжение на првата група на татко ми ,, Бенд генерација,, која опстојуваше околу 14 години.Се решив за фолк музиката затоа што таа  е изворно и исконско што тече во нашата крв. Таа е аманет од нашите прадедовци. Препознатливи сме на Балканот баш по фолк музиката што ја гали нашата душа – вели Николче.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background