Се’ за храна: Компот од црни сливи и цимет
Ароматичен и сосем едноставен, а што е одлично и проверен рецепт! Нашата пријателка Лана ни кажа дека овој рецепт за припрема на компот од црни сливи и цимет го обожава, па како омилен го прави секоја година.
Ние го потврдивме тоа и од бројните позитивни коментари на нејзиниот блог Kuhinjica Mignone, а во продолжение прочитајте го рецептот.
Состојки:
- убави и цврсти црни сливи во количина по желба
- шекер
- вода
- стапчиња цимет.
Подготовка:
- Изберете сливи кои не се многу меки, а најдобро да бидат цврсти, но не и зелени. Измијте ги и пресечете ги на половина, па отстранете им ги семките.
- Теглите добро измијте ги и исушете ги, а потоа во секоја ставете парче од стапче цимет и наполнете ги со сливи до горе.
- Ако користите големи тегли од 750 мл, во секоја ставете по 6 лажици шеќер, а за помали тегли од 250 мл ставете по 2 лажици шеќер.
- Потоа наполнете ги теглите со ладна вода, во количина која е доволна да го прекрие овошјето.
- Теглите затворете ги добро и тие се спремни за наредниот чекор.
- Во големо тенџер ставете една кујнска крпа на дното, а потоа наредете ред тегли, колку што собира.
- Тенџерето наполнете го со ладна или млака вода, така што капачињата да бидат покриени со вода барем 1 см над нив.
- Загревајте и откако ќе зоврие варете уште 5 минути.
Компотот е готов, на здравје!
Превземено од: sezahrana.mk