Се’ за храна: Лековит чај од ким како ефикасен лек против настинка и кашлица
Искористете го целиот лековит потенцијал на овој популарен зачин! Освен широката припрема во кулинарството, кимот заслужено има место и во многу природни лекови. Во овој случај, со многу едноставна постапка може да направите лековит чај од ким и лесно да се „спасите“ од тегобите кои ги носи променливото време без да посетувате аптека!
Кимот може да се користи превентивно против настинка, а истовремено смирува и кашлица. Има антибактериско дејство,а покрај тоа содржи и етерично масло, танини и слуз. Токму поради неговите карактеристики, тој е одличен помошник против вируси.
Како да го подготвите лековитиот чај од ким?
Состојки:
- 1 лажица ким
- 250 мл вода
- 1 лажица цветен мед.
Подготовка и начин на употреба:
- Лажицата ким прелијте ја со водата и варете на тивок оган околу 5 минути.
- Тргнете го садот од оган и поклопете го, па оставете го да стои околу 10 минути.
- Во топлиот чај додајте го медот, промешајте и испијте го. Ваков чај може да пиете 1-2 пати дневно додека имате подобрување.
Ви препорачуваме да прочитате: 9 намирници кои треба да ги јадете при грип и настинка.
Превземено од: sezahrana.mk