Се’ за храна: Моќната жалфија е лек за многу нешта
Моќната жалфија е важен дел од секоја кујна. Може да се користи како добар зачин за јадења, а и за подготовка на чаеви кои го чуваат нашето здравје.
Жалфијата спаѓа во билки кои имаат широк распон на примена. Во кујната наоѓа голема примена како додаток во разни јадења, а чаевите и тинктурите кои се подготвуваат од неа претставуваат природен еликсир.
Терапијата со жалфија може да се применува од внатре и надворешно. Ако имате проблем со воспалени крајници или слузница на усната шуплина, како и во случаи кога е воспалено грлото, се припрема чај. Чајот во овие случаи се подготува така што се сврелува еден литар вода, со кој се потопува 1 лажица суви листови од жалфија. Ако подготвувате чај во шолја, земете 1 лажичка суви листови од жалфија и прелијте ја со вода која претходно сте ја сврелиле, а потоа оставете да врие 5 минути и на крај оставете да стои 10 минути поклопено и настрана од огнот. Од вака припремениот чај се пијат по 2 шолји на ден.
Најмалку 5 причини зошто да се одлучите за чај од жалфија:
- помага при проблеми на органите за варење
- смирува воспаленија на устата и грлото
- ги прочистува синусите и помага за полесно искашлување на слузните секрети од дишните органи
- го намалува шеќерот во крвта и ја подобрува функцијата на црниот дроб
- намалува потење и враќа енергија.
Жалфијата е извонредно природно средство за борба против сите болести на органите за дишење, бидејќи го подобрува исфрлањето на слузот. Успешно помага во справување со грип, јаки настинки и температури, во кои случаи наместо во вода се вари во млеко и се консумира повеќе пати во денот, а по помали количини.
Ви препорачуваме да прочитате: Природни лекови кои помагаат при парадентоза.
Превземено од: sezahrana.mk