Се’ за храна: Најчести грешки поради кои не губиме килограми

Дали држењето на диета ви изгледа тешко? Сметате ли дека правите се што треба, а килограмите не се намалуваат? Сите сме поминале низ оваа фаза, но не се грижете, имаме решение и за тоа. Можеби ви изгледа дека правите се како што треба, но размислете уште еднаш. Ви ги претставуваме најчестите грешки кои ги правиме за време на држењето на диети, поради кои не губиме килограми.

Прескокнување на појадокот

Во неколку наврати сме пишувале дека прескокнувањето на оброците не е разумно кога сакаме да ослабите, а посебно не појадокот. Нашето тело гладувало осум часа за време на спиењето и затоа наутро има потреба од хранливи состојки. Ако не го обезбедите организмот со хранливи состојки одма по будењето, телото од мускулите ќе ја извлечи потребната енергија, што никако не е добро, затоа што сигурно не сакате да изгубите мускулна маса. Со прескокнување на појадокот, вие буквално ја уништувате можноста на организмот да согорува калории.

Исхрана

Без разлика дали сте на диета или не, дневно треба да имате по три главни оброци и две здрави ужини. Со изгладнување и прескокнување на оброците нема да постигнете ништо. Важно е она што го јадете, а не колку јадете и затоа е многу важно да започнете да приготвувате домашни јадења од свежи намирници.

Жените во поголем број на случаи, храната ја поврзуваат со емотивната состојба и јадат кога се анксиозни, лути, депресивни и под стрес. Немојте да бидете на диета доколку сте емоционално нестабилни, затоа што мала е веројатноста дека ќе успеете.

Вагата како непријател број еден

Дали луѓето вас ве посматраат ве гледаат вас или бројот кој се прикажува на вашата вага? Многу жени настојуваат да постигнат одреден број на килограми, кои си ги зацртале како совршени, иако изгледаат убаво и слабо. Ако држите диета и вежбате, истовремено ќе ги топите масните наслаги и ќе добивате мускулна маса, што може да биде причина зошто бројот на вагата не се подмрднува. Тоа не значи дека не изгледате добро, па затоа немојте претерано да се оптеретувате со бројките.

Диета без вежбање

Ако рестриктивните, диети со изгладнување се ефикасни, многу жени на светот би биле слаби. Основниот проблем на изгладнувачките и брзи диети кои често се наоѓаат во списанијата и на порталите за убавина е тоа што со брзото губење на килограмите се топи мускулната маса, што значи дека телото ќе ви изгледа опуштено без разлика на губењето на килограмите. Од друга страна, овие диети го забавуваат  метаболизмот, што никако не ви оди во прилог. Така, по завршувањето на овие диети, килограмите брзо се враќаат. Ако веќе се одлучивте да започнете со физичка активност, прочитајте ги овие 7 причини зошто е подобро да вежбате наутро.

Фокусирање на кардио вежби

Ако не сте знаеле, кардио вежбите се најмалку важни кога обликувањето на телото е во прашање. Фокусирајте се на вежби кои ги согоруваат калориите додека ги правите, како и подоцна во текот на денот.

Одморете се, спијте доволно, направете распоред на исхраната и вежбите, цврсто држете се до планот и сигурни сме дека ќе ги постигнете посакуваните резултати.

Ви предлагаме да прочитате: Која е тајната на слабеењето?

Превземено од: sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background