Се’ за храна: 4 лесни начини да ја алкализирате крвта и да ја намалите киселоста во организмот
Киселоста во организмот не е баш најдобра за здравјето. А, како да направиме алкализација на крвта? Како да го намалиме штетното влијание на киселата средина во телото? Прочитајте го целиот текст и дознајте повеќе кои се добрите страни на алкализацијата и како најлесно да го постигнете тоа.
Кога вашата исхрана е богата со намирници како лимон и разни здрави овошја и зеленчуци, рН балансот на организмот е алкален, а од тоа имаме повеќекратна корист. Алкалната крв апсорбира поголеми количини на кислород, што влијае позитивно на расположението и општото здравје. Кога имате помала количина на кислород во крвта, се чувствувате уморно, а и лесно се дебелите. Многу експерти тврдат дека со алкаизацијата овие проблеми можат да се решат и се регулира метаболизмот на калциумот, може да се зачува здравјето на коските.
Еве 4 лесни начини како да ја алкализирате крвта
За да постигнете подобрување на балансот на рН на крвта, треба да направите неколку мали промени во исхраната:
- Пијте сокови од свеж зеленчук, во кои може да додавате прав од зелена трева. На овој начин ќе имате одличен алкален напиток за здрав почеток на денот.
- Друг начин е секојдневно да пиете неколку чаши свежа вода со свежо цеден сок од лимон. Лимонот е многу кисела овошка, но со дигестијата и асимилацијата во организмот има алкално влијание. Се смета дека лимонот е една од најдобрите алкални намирници во природата.
- Трет начин да ја промените рН вредноста на крвта е да јадете суви смокви и суво грозје, кои исто така се одлични алкални намирници. Бананите треба да ги ибегнувате бидејќи ја зголемуваат киселоста.
- Пијте растителни чаеви, а во нив додадете и свежо цеден лимон. Намалете со консумацијата на кафе, газирани сокови и пиво.
Ви препорачуваме да прочитате: Алкална храна за супер здравје и енергија.
Превземено од: sezahrana.mk