Се’ за храна: 5 корисни трикови за вкусна домашна супа

Готвењето на супа не би требало да биде некоја тешка задача, но сепак постојат некои трикови кои можат да ви помогнат за да направите добра и вкусна домашна супа.

Веројатно ви се случило некогаш супата да ја направите премрсна или недоволно бистра, густа, или едноставно немате чувство што точно и недостига. Ви нудиме мала помош, која можеби ќе ви биде од корист.

Еве неколку совети кои може да ви помогнат за да јадете вкусна домашна супа

  1. Ако сакате да добиете помрсна пилешка супа, пилето треба да го ставите во ладна вода, па полека да се загрева садот, а додека ако сакате супата да биде полесна, пилето ставете го во вода која врие.
  2. Во супа или чорба која ја подготвувате со коски, практикувајте да додавате ловоров лист. Тоа го подобрува вкусот.
  3. Телешката супа обично е матна. За да биде бистра, изматете една белка од јајцеи турете ја во тенџерето додека врие. Белката ќе ги „собери“ честичките слични на неа и кога ќе ја процедите, супата ќе биде бистра.
  4. За да постигнете подобар вкус на супата/чорбата, пресечете главица кромид и малку запечете ја на ринглата (или во сува тава ако имате керамичка плоча). Кога ќе порумени, прободете ја со чепкалки за да не се распадне за време на варењето.
  5. Ако сакате супата да има потемна боја, кората од кромидот добро измијте ја и не отстранувајте ја.

Превземано од sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background